Top Sport

Интер ќе го добие Ашраф Хакими за 40 милиони евра?

Повеќе извори од Шпанија и Италија тврдат дека бекот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими е пред комплетирање на трансфер во Интер за 40 милиони евра.

Младиот Мароканец во моментов е позајмен во Борусија Дортмунд, но двегодишниот договор завршува на крајот ова лето, и според „Скај спорт Италија“, 21-годишниот Хакими веќе му кажал да на Интер.

Според овие информации, „нераѕурите“ успешно ги „криеле“ преговорите со Хакими, кој имаше 10 асистенции во 32 настапи оваа сезона, откако ги импресионирал во мечевите од Лигата на шампионите против Интер на крајот на 2019.

Scroll to Top