Top Sport

Интер ќе го добијат Тонали

Интер и Бреша се договориле околу трансферот на талентираниот Сандро Тонали. Претседателот на Бреша Масимо Челино успеал да ја добие посакуваната сума за фудбалерот кој во своите редови го сакаа Милан и Јувентус.

Италијанските медиуми тврдат дека Тонали најпрвин ќе му биде позајмен на Интер, а клубот од „Џузепе Меаца“ по завршувањето на сезоната ќе има обврска да го оркупи неговиот договор.

Интер за трансферот ќе издвои фиксни 30 милиони евра, а преостанатите пет милиони евра Бреша ќе може да ги заработи доколку бидат исполнети бонусите кои ќе бидат вметнати во договорот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');