Интер ќе имаат причина да навиваат за Пари Сен-Жермен во вечерашното финале од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, бидејќи со победа на францускиот клуб ќе заработат дополнителни 2 милиони евра.
Според весникот „Ла република“, во договорот за трансфер на поранешниот капитен на тимот Мауро Икарди во ПСЖ постои клаузула за исплата на дополнителни 2 милиони евра ако ја освои Лигата на шампионите.
Аргентинецот прво замина во ПСЖ како позајмен фудбалер за 13 милиони евра, а францускиот клуб оваа година плати 50 милиони евра за трансферот да стане постојан.