Top Sport

Интер ќе плати 24 милиони евра за Мартинез

Интер наредната сезона, доколку остане Мауро Икарди, ќе има двајца Аргентинци во нападот. Имено, клубот го договорил трансферот на Лаутаро Мартинез од Расинг.

Овој 20-годишен фудбалер доглго време беше цел на мадридските ривали Реал и Атлетико, односно на Борусија Дортмунд и Монако. Сепак, Интер успеа да го обезбеди неговиот потпис. Тимот од Милано за Мартинез ќе плати 24 милиони евра.

„Лаутаро ќе оди во Интер, остана уште да ги мине лекарските прегледи и трансферот да биде реализиран во јуни. Никогаш не постоеше опцијата тој во декември да замине во Аргентина“, објави менаџеорт на фудбалерот, Роландо Зарате.

Мартинез оваа сезона игра во голема форма, за Расинг во сите натпреварувања има одиграно 16 натпревари, на кои постигнал 13 гола.

Scroll to Top