Top Sport

Интер ќе заработи 23.4 милиони евра од ТВ-правата за скудетото

Интер ќе заработи 23.4 милиони евра од ТВ-правата за освојувањето на титулата од Серија А, додека последнопласираниот во лигата ќе си замине со само 900.000 евра, покажуваат податоците на „Калчо е финанца“.

Италијанските клубови ќе заработат вкупно 1.1 милијарди евра од ТВ-правата, од кои половина одат на еднакви делови од 20-те клуба во Серија А. Дополнителни 20 проценти се распределени според бројот на навивачите, а преостанатите 30 отсто се доделуваат според перформансите – 15 отсто на сегашната сезона и 15 отсто на резултатите од 1946 година.

Scroll to Top