Top Sport

Интер му понудиле нов договор на Лаутаро Мартинез

Лаутаро Мартинез сезонава е удрна игра во нападот на Интер. Аргентинецот, за чии услуги Интер на Расинг им платија 25 милиони евра, на 13 натпреври има постигнато седум гола.

Формата и неспорниот квалитет ги привлече големите клубови кон Лаутаро, а според шпекулациите Барселона и Манчестер Јунајтед биле подготвени да ја активираат откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Интересно оваа клаузула важи од 1 до 15 јули и тоа само за екипи надвор од Италија.

Свесни за големиот интерес што владее за нивниот напаѓач, челниците на Интер подготвиле нов договор за Лаутаро. Му понудиле четири плати поголема плата. Со актуелниот договор тој годишно заработува 1,5 милиони евра.

Она што сакаат во Интер е да ја избришат откупната клаузула, односно во новиот договор на Лаутаро да не постои клаузула за откуп.

Scroll to Top