Top Sport

Интер на мускули се проби меѓу најдобрите осум во Купот (Видео)

Лидерот во Серија А Интер не успеа да го победи третолигашот Порденоне во 120 минути игра и дури по изведувањето на пенали избори пласман во четврт-финалето во Купот на Италија.

Тренерот на Интер Лучано Спалети се обиде со комбиниран состав да го мине Порденоне, но во второто полувреме мораше да ги внесе во игра Икарди, Перишиќ и Брозовиќ.

Сепак ниту направените измени не сменија ништо во резултатот и покрај тоа шти Интер упати 33 удари кон голот на противникот, од кои 10 одбрани голманот Перили.

Драма се случуваше и во пенал серијата, Мисурака промаши за Порденоне, Брозивиќ и Пеиршиќ беа прецизни за Интер, а потоа погодија Бураи и Мањани за гостите.

Следуваа не реализираните пенали на Шринијар и Гаљардини за Интер, но шансата за сензација не ја искористи Лули. Потоа беа реализирани по два пенали, Икарди и Весино за Интер, односно Стефани и Кјури за Порденоне.

При резултат 4:4 Пароди промаши, а Нагатомо потоа го однесе интер меѓу најдобрите осум во Купот.

Во оваа рунда Интер ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Милан и Верона.

Scroll to Top