Top Sport

Интер не може да го победи ниту СПАЛ (Видео)

Фудбалерите на Интер ја продолжија лошата серија откако одиграа само 1:1 со екипата на СПАЛ која грчевиот се бори за опстанок во Серија А.

Интер без толку посакуваната победа остана во 90.минута од натпреварот кога Алберт Палоски од тешка позиција го совлада Хандановиќ.

Претходно Интер дојде до предност со автоголот на Франческо Викари во 48.минута.

Интер нема победа од срединатат на декември, седми пат во низа не успеа да победи и не само што испадна од тркатата за титулата туку сега го загрози и четвртото место.

Scroll to Top