Top Sport

Интер не се откажува од Меси, подготвува зделка од 260 милиони евра!

Интер не се откажува од сонот да го донесе Лео Меси на „Меаца“, привлекувајќи го Аргентинецот со богат договор кога ќе му заврши обврската со Барселона во 2021 година, тврди италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“.

Договорот на Меси со Барса завршува на 30 јуни 2021 година, но во Каталонија се сигурни дека нивниот капитен ќе остане до крајот на кариерата во клубот за кој игра цела кариера. Но, „Газета“ тврди дека Интер се подготвени за мега-договор – понуда за четири сезони на „Сан Сиро“ вредни 260 милиони евра.

Со овој договор, Меси би имал приход од 50 милиони евра годишно, со што би го поминал својот вечен ривал Кристијано Роналдо со Јувентус. Пресметката на „нераѕурите“ е јасна – очекуваат со пристигнувањето на мега-ѕвезда како Меси да се зголеми приходот на клубот. Единствена мака е што Меси веќе има 33 години.

Scroll to Top