Фудбалерот на Интер, Стефан Де Фрај, поради повреда на мускулот, ќе отсуствува од тимот неколку недели. Најверојатно ќе паузира до почетокот на наредниот месец, објавија италијанските медиуми.
Холандскиот репрезентативец, го пропушти натпреварот во неделата, против Торино (1:1). Медиумте пишувата дека би требало да биде подготвен за дербито со Јувентус на 3.април.
За разлика од Де Фрај, Марцело Брозовиќ, би требало да се врати во тимот за дуелот со Фиорентина. Брозовиќ исто така не играше во Торино.
Интер ќе ја пречека Фирентина во сабота. Интер се трети на табелата, пред нив се Наполи и лидерот Милан.