Top Sport

Интер одеднаш фаворити за потписот на Кавани

Интер се во интензивни преговори со напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани, тврди „Скај спорт Италија“, враќајќи ги шпекулациите дека уругвајскиот напаѓач ќе се врати во Серија А.

Откако Дрис Мертенс одлучи да го продолжи договорот со Наполи, Кавани станува прва цел за искусен напаѓач во тимот на Антонио Конте, кој исто така не би чинел ништо бидејќи летово станува слободен агент.

Атлетико Мадрид беа фаворити за потписот на уругвајскиот ветеран, кој наполи 33 години во февруари, но како опција беа и Манчестер јунајтед и Њукасл. Кавани има големо искуство во Серија А со настапите за Палермо и Наполи, пред во 2013 да замине за ПСЖ за 64 милиони евра.

„Матадорот“ има седум гола и три асистенции во 22 меча за ПСЖ оваа сезона, но го загуби стартното место од Мауро Икарди, кој иронично, пристигна токму од Интер.

Scroll to Top