Милански Интер и Рома вечерва одиграа нерешено 1-1 во последниот денешен дуел од 33 коло во италијанската Серија А. Овој резултат му оди во прилог на тимот на Милан кој денеска одигра реми 1-1 кај Парма.
Римјаните поведоа рано во мечот, во 14 минута со голот на Ел Шарави, а израмнувањето дојде по голот на Хрватот Перишиќ во 61 минута.
По ова коло Интер останува трет на табелата со позиција која засега, на 5 кола до крајот на првенството, го води во Лигата на шампиони.
Милан благодарение на вечерашното реми на Рома останува четврти со 56 бода, а Рома е петта со бод помалку и со можност до крајот на Серија А да чека кикс на миланскиот ривал за да „добие виза“ за ЛШ.