Top Sport

Интер оваа недела ги презентираат Видал, Коларов и Дармијан

Интер веќе ги закажале медицинските тестови на тројца фудбалери оваа недела – Александар Коларов од Рома, Артуро Видал од Барселона и Матео Дармијан од Парма, тврди „Кориере дело спорт“.

„Нераѕурите“ не трошат многу ова лето, откако веќе дадоа 40 милиони евра за Ашраф Хакими од Реал Мадрид, по што Антонио Конте ќе се задоволи со овие тројца фудбалери, кои во соработка со газдите во клубот сам ги избрал.

Коларов е „закажан“ за во вторник по минималниот милион евра кои Интер ќе го платат на Рома, додека потоа се чека раскинот на Видал со Барса со взаемен договор, за тој да пристигне без исплата за трансфер. Парма веќе потврдија дека поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дармијан е договорен со Интер.

Scroll to Top