Интер потврдија дека нивниот напаѓач Ромелу Лукаку ќе го пропушти дербито со Милан во сабота поради повреда на бутниот мускул и следната недела ќе бидат направени тестови дали може да се врати во првиот тим.
28-годишниот Лукаку, кој се врати од Челси на позајмица во Италија, се повреди на тренинзи во неделата. Интер утре играат со Кремонезе на „Сан Сиро“, пред во сабота да го играат „Дерби дела мадонина“, а ги очекуваат шест меча (четири во Серија А и два во Лигата на шампиони) во септември.
Неговото место во првиот тим најверојатно ќе го преземе Един Џеко.
Le condizioni di Romelu Lukaku ?
— Inter (@Inter) August 29, 2022