Top Sport

Интер повторно на Баерн ќе им го позајмат Перишиќ

Челниците на Интер и Баерн работата на „случајот Иван Перишиќ“. Хрватскиот репрезентативец оваа сезона како позајмен играч на интер го носи дресот на Баерн.

Во Минхен се задоволни од неговите настапи, но поради финансиската криза, не се подготвени да го откупат неговиот договор за околу 20 милиони евра. За Интер пак проблем претставува неговата плата, Перишиќ годишно заработува 4,6 милиони евра.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека во наредните недели Интер и Баерн ќе постигнат уште еден договор за позајмица на крилниот фудбалер.

Според овој извор двете страни на тој начин би биле задоволни. Интер не би морале да го плаќаат, а Баерн би добиле играч кој можат да го користат во офанзивната ротација. Од ваквиот договор би бил задоволен и фудбалерот, кој неколку пати изјавил дека сака да остане во Минхен.

Scroll to Top