Интер со 5:0 ја декласира Џенова во чии редови играше и Горан Пандев, кој на почетокот со овации беше поздравен од домашните навивачи. Интер играше без Мауро Икарди, а неговата голгетерска улога ја презеде Жоао Марио кој постигна гол и имаше две асистенции.
Интер триумфот над Џенова го најави уште во првите 15 минути, кога во интервал од само две минути голови постигнаа Гаљардини и Политано. Асистент кај двата гола беше Жоао Марио.
На почетокот од второто полувреме, Гаљардини го постигна својот втор гол и ја зголеми предноста на Интер на 3:0. Добрата игра Жоао Марио ја круниса со гол во 91.минута, а конечниот резултат го постави Наинголан три минути подоцна.
Белгиецот на теренот беше само седум минути.