Интер прави планови како од наредната сезона да го донесе Лионел Меси во своите редови. Оваа помалку сензационална вест ја објави во вторникот „Тутоспорт“.
Според истиот извор, Интер веќе ја затворил финансиската конструкција, а реализацијата на трансферот би требало да се случи наредното лето. Доколку Интер успее во своите намери ќе му го возврати ударот на Јувентус и ќе стане конкурентен во трката за титулата во Серија А.
Интер, парите за трансферот на Меси, ќе ги собира со помош на спонзорите. И доколку ги собере парите, на Интер ќе му остане потешкиот дел, а тоа е да гу убеди Меси да ја напушти Барселона. Аргентинецот многу пати изјавил дека по Барселона планира една сезона да одигра во Њуел Олд Бојс, а потоа да се пензионира.
Доколку Интер успее во намерите, тогаш фудбалскиот свет повторно ќе го добие ривалството помеѓу Роналдо и Меси, но сега во Серија А.
Времето ќе покаже колку вистина има во овие шпекулации, но и првите вести дека Ронакдо го договара трансферот во Јувентус, делуваа нереално, а Португалецот сепак заврши во Торино.