Top Sport

Интер се договориле со Врсаљко

Интер го договориле трансферот од 24.5 милиони евра со десниот бек на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко, јавува „Скај спортс Италија“.

Според нивните новинари Фабрицио Романо и Џанлука ди Марцио, Интер првично ќе платат 6.5 милиони евра за на едногодишна позајмица за Врсаљко и дополнителни 500.000 евра за дополнителни трошоци. По ова, „нераѕурите“ ќе добијат опција за 17.5 милиони евра да потпишат договор со 26-годишниот хрватски репрезентативец.

Хрватот имаше одличен настап на СП во Русија, помагајќи неговата репрезентација да стигне до финалето, каде што загубија од Франција. По заминувањето на Жоао Кансело во Јувентус, поранешниот фудбалер на Џенова и Сасуоло ќе биде совршена замена за тренерот Лучано Спалети, кој призна дека му се потребни уште две засилувања до крајот на преодниот рок.

Scroll to Top