Top Sport

Интер се откажаа од трансферот на Вивијано

Емилијано Вивијано нема да потпише договор со Интер, потврдил менаџерот на искусниот голман.

Италијаните тврдеа дека Вивијано ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ за да брани додека Самир Хандановиќ се рехабилитира од повредата бидејќи лениците на клубот биле незадоволни од формата на вториот голман Даниеле Падели.

Вивијано нема клуб од септември минатата година кога го раскина договорот со Спортинг Лисабон.

Искусниот голман бил во Милано, ги минал успешно лекарските прегледи, но на крајот не добил договор.

„Во Интер проценија дека ќе се потпрат на голманите што се веќе во клубот се додека не се рехабилитира Хандановиќ“, рекол Клаудио Вигорели.

Покрај Хандановиќ и Падели на спискот на Интер за оваа сезона трет голман е 17 годиншниот Филип Станковиќ, синот на поранешниот играч на овој клуб Дејан Станковиќ.

Scroll to Top