Италијанскиот калчолигаш Интер ја напуштил идејата за формирање на Европска Суперлига, која ја заговараат Андреа Ањели и Флорентино Перез. Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, на самитот „Бизнис и фудбал“ во Лондон најави дека фудбалската Суперлигата не е пропаднат проект.
„Договорот сè уште е обврзувачки за 11 од тие 12 клуба“, истакна Ањели. Подоцна беше откриено дека Интер ја напуштил Суперлигата.
Клубот од Милано имаше клаузула според која може да се повлече од Суперлигата доколку не ја собере поддршката од спонзорите. Интер беше единствениот од 12-те клубови кој имаше ваква клаузула и реши да ја искористи.