Top Sport

Интер се откажуваат од Лукаку, го носат Тирам?

Интер планираат да му кажат збогум на Ромелу Лукаку на крајот на сезоната и на негово место да го донесат Маркус Тирам, тврди „Калчомеркато“.

25-годишниот напаѓач на Борусија Менхенгладбах и син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Тирам, е слободен играч по крајот на сеезоната и директорот на Гладбах, Роланд Фиркус потврди дека тој нема да остане. Според „Калчомеркато“ по неубедливиот камбек на Лукаку на „Меаца“, Интер се подготвени да им го вратат од позајмицата (за која заедно со платите потрошија 20 милиони евра).

Според „Ла газета дело спорт“, Интер му нуделе 5 милиони евра годишна плата на Тирам во јануари, и останува да се види дали тој ќе прифати ваков трансфер или ќе замине во побогатата Премиерлига.

Scroll to Top