Каљари имаше импресивен меч, но не можеше да се „носи“ со фантастичниот Мауро Икарди, кој со два гола донесе победа за Интер од 3:1 на тешкото гостување на Сардинија, победа со која, барем до утре тимот од Милан ќе биде на првото место на табелата.
Домаќините доминираа во долги периоди од мечот, и го примораа Самир Хандановиќ да има неколку одлични одбрани, но Икарди ја потврди одличната форма со по еден гол во двете полувремиња за да стигне до бројката од 15 оваа сезона, со што е најдобар стрелец во лигата заедно со Чиро Имобиле.
Марцело Брозовиќ исто така го најде патот до мрежата на Каљари три минути откако влезе во игра, додека Леонардо Паволети постигна гол за домаќините.
Интер сега е прв во Серија А со 36 поени, еден повеќе од Наполи, кој утре гостува кај Удинезе. „Нераѕурите“ оваа сезона имаат 11 победи и само 3 ремија и се непоразени во лигашките натпревари. Каљари е на 13. место со 15 поени.
СЕРИЈА А, 14.КОЛО
Болоња – Сампдорија 3:0
Киево – СПАЛ 2:1
Сасуоло – Верона 0:2
Каљари – Интер 1:3