Интер и Лацио го искористија „слободниот“ викенд пред стартот на Серија А за нови тест-мечеви, во кои Интер со 7:0 повторно имаше гол-шоу против Пиза, додека во дуелот на тимовите кои ги водат двајца браќа, Лацио и Беневенто одиграа 0:0.
Лаутаро Мартинез блесна со три гола, а во листата на стрелци се запишаа Кристијан Ериксен (и тоа двапати), Роберто Гаљардини и Ромелу Лукаку.
Во братскиот дуел, Лацио на Симоне Инзаги не успеа да го совлада новиот прволигаш Беневенто, кој го води неговиот постар брат Филипо.