Top Sport

Интер со нова „седумка“ на тестовите, Симоне и Филипо Инзаги со „мирољубиво“ реми

Интер и Лацио го искористија „слободниот“ викенд пред стартот на Серија А за нови тест-мечеви, во кои Интер со 7:0 повторно имаше гол-шоу против Пиза, додека во дуелот на тимовите кои ги водат двајца браќа, Лацио и Беневенто одиграа 0:0.

Лаутаро Мартинез блесна со три гола, а во листата на стрелци се запишаа Кристијан Ериксен (и тоа двапати), Роберто Гаљардини и Ромелу Лукаку.

Во братскиот дуел, Лацио на Симоне Инзаги не успеа да го совлада новиот прволигаш Беневенто, кој го води неговиот постар брат Филипо.

Scroll to Top