Интер му дале краен рок на Марцело Брозовиќ да го потпише новиот договор до јануари, откако хрватскиот фудбалер ја одби последната понуда на клубот.
29-годишниот играч од средниот ред стана еден од најважните карики во играта на тимот на Симоне Инзаги, но неговиот договор трае до јуни 2022 година, и кај „нераѕурите“ се надеваат дека ќе го убедат да остане. Според „Ла газета дело спорт“, понудата на Интер е договор за 5.5 милиони евра (нето), што е за 1.5 милиони евра повеќе од неговата сегашна плата.
И покрај ова, Хрватот, кој е на „радарот“ на Њукасл јунајтед и други премиерлигаши, го одбил договорот и побарал 7 милиони евра по сезона.