Top Sport

Интер со пресврт до победа над Торино

Интер со пресврт во второто полувреме го победи Торино 3:1 и на табелата го прескокна Лацио. Двата тима имаат по 68 бода, осум помалку од лидерот Јувентус.

Првото полувреме мина во знакот на бизарната грешка што ја направи голманот на Интер Хандановиќ по која Белоти постигна гол.

Интер го сврте резултатот во вториот дел, во интервал од 13 минути.

Можеби најдобриот во Интер на овој меч Ешли Јанг израмни во 48 минута, Годин три минути подоцна му донесе предност на Интер, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез во 61 минута.

Scroll to Top