Top Sport

Интер тргна да бара замена за Конте – Инзаги е на радарот!

Антонио Конте ќе ја напушти клупата на Интер и тоа само неколку дена откако го освои Скудетото со „Нероазурите“, објави „La Gazzetta dello Sport“.

Причината – според наводите, е разочарувањето од клупската политика, односно неисполнетите ветувања со кои му гарантирале донесување на неколку нови играчи, но притоа да се задржат носителите на играта.

Во Интер планираат со продажба на играчи да соберат 100-тина милиони евра, а притоа платите на фудбалерите ќе ги намалуваат за 20%. Овие услови Конте не ги прифаќа.

Италијанските медиуми наведуваат дека клубот експресно бара решение за тренерската позиција, а наводно веќе стапиле во контакт со Симоне Инзаги – тренерот на римски Лацио.

Сепак, се чини дека Инзаги не е првата желба за позицијата во Интер, челниците на „црно-сините“ би сакале на тоа место да го видат Масимилијано Алегри.

Засега се извршени првични разговори за да се види расположението на Инзаги – дали Рим би го заменил со Милано и под кои услови.

Scroll to Top