По продажбата на Андре Онана на Манчестер јунајтед, Интер останаа без голман и според аргентинските медиуми контактирале со Астон вила за потенцијален трансфер на Емилијано „Дибу“ Мартинез.
„Нераѕурите“ решија да не му го продолжат договорот на ветеранот Самир Хандановиќ и немаат вистинска замена пред стартот на турнејата во Азија. Тие продолжуваат со преговорите со Баерн Минхен за Јан Зомер и со Шатхјтор Доњецк за Анатолиј Трубин, но според аргентинскиот „TyC Sports“, нудат 15 милиони евра за Мартинез.
Интер имаат доста аргентински врски, преку Лаутаро Мартинез и легендарниот поранешен капитен и потпретседател на клубот, Хавиер Занети.
Inter, nuovo obiettivo per la porta: offerti 15 mln per Emiliano Martinez #inter https://t.co/sjGA6oZp41
— SportMediaset.it (@sportmediaset) July 24, 2023