Тимот на Интер внимателно ја следи ситуацијата околу Хенрик Мхитарјан во Манчестер јунајтед и се подготвува за понуда за ерменскиот играч од средниот ред.
Жозе Мурињо уште во ноември го „острани“ Мхитарјан од својот состав и тој ретко добиваше шанса оттогаш – тој нема стартувано меч од Премиер лигата од 5 ноември против Челси, иако одигра едно полувреме при 2:2 ремито со Барнли оваа недела.
Според „Скај Италија“, Мхитарјан е еден од играчите на кои сметаат Интер, покрај Жерар Деулофеу од Барселона и Хавиер Пасторе од Пари Сен-Жермен. Деулофеу, кој нема играно за Барса од ноември не е дел од плановите на Ернесто Валверде и каталонскиот тим би се согласил дури и на позајмица во јануари, додека околу Пасторе ситуацијата е нејасна.
„Мораме да видиме што сакаат ПСЖ со него. Никој не може да му го оспори квалитетот, и задоволни сме што го гледа Интер како можност“, изјави директорот на Интер, Пјеро Аусилио.