Top Sport

Интер во Белгија ја најде замената за Лаутаро

Интер има решение за место во нападот доколку лаутаро Мартинез донесе одлука да го напушти клубот. Барселона се поврзува со Лаутаро чија откупна клаузула во договорот од 1 до 15 јули изнесува 111 милиони евра.

Тренерот на Интер Антонио Конте му „фрлил око“ на 20 годишниот напаѓач на Гент Џонатан Дејвид. Конте сметал дека младиот Канѓанец одлично би се вклопил во неговата филозофија.

Гент за Канаѓанецот бара 25 милиони евра, но во Интер биле сигурни дека поради финасиката криза ќе можат да го добијат за 15 милиони евра.

Дејвид е играч на Гент од 2018 година, претходно играл за Отава. Оваа сезона одиграл 40 натпревари, постигнал 23 гола и забележал десет асистенции.

Scroll to Top