Top Sport

Интер води во Неапол – Ериксен погоди од корнер (Видео)

Наполи и Интер во овие моменти го играат полу-финалниот реванш во Купот на Италија. Во стартниот состав на Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Првиот меч полу-финален меч Наполи и Интер го одиграа пред четири месеци во Милан, победи Наполи со 1:0 со голот на Фабијан Руиз.

Реваншот започна перфектно за Интер. Кристијан Ериксен ја анулира предноста на Наполи по само три минути игра.

Данскиот репрезентативец постигна гол директно од корнер. Голманот на Наполи Давид Оспина лошо реагираше, не го процени добро летото на топката, а таа мина низ неговите нозе и заврши во голот.

Scroll to Top