Преговорите помеѓу Интер и Мауро Икарди околу новиот договор се во ќор-сокак. Во овој момент реална е опцијата најдобриот играч на Интер да го напушти клубот. Дека клубот не е во најдобри односи со Икарди говори и драконската казна што клубот му ја изрече на напаѓачот поради доцнењето на тренинг.
Икарди, не се појавил на првиот тренинг по празниците, поради што клубот му одреди казна од 100.000 евра за кршење на дисциплината.
Казната нема да ги приближи двете преговарачки страни. Интер и Икарди, односно неговата сопруга која му е менаџер, не можат да се договорат околу годишната плата. Клубот нуди 7,5 милиони евра по сезона, а менаџерката Ванда Нара бара најмалку девет милиони евра.
Според клаузулата што ја има во актуелниот договор, Икарди моѓе да замине за сума од 120 милиони евра.
Најголем интерес за него покажува Реал Мадрид, но во редот чекаат и неколку други тимови како Јувентус и Челси.