Натпреварот одигран во рамките на 1.коло, во фудбалскиот шампионат на Швајцарија, помеѓу Сион и Лугано, го обележа сензационалниот гол на Драган Михајловиќ.
На самиот почетокот, во четвртата минута, играчот роден во Петрово село во Босна и Херцеговина, со силен волеј удар исфрлил една топка од пред својот шеснаесетник.
Голманот на Сион, Масионал, бил далеку од својот гол, а и погрешно го проценил летот на топката, која завршила во неговата мрежа.
Швајцарците пресметале дека Михајловиќ постигнал гол од 80 метри.
Натпреварот на крајот завршил со победа на Лугано 1:2.