Top Sport

Интервенирал братот на Меси, Ансу Фати ќе добие нов договор

Ансу Фати блесна на почетокот на новата сезона. Одигра нецели три натпревари за Барселона постигна два гола и забележа една асистенција.

Тинејџерот има договор со Барселона, го потпишал кога бил промовиран во првиот тим. Соработката вредна 700.000 евра бргу ќе биде коригирана.

Братот на Меси, Родриго, кој е менаџер на 16 годишникот издејствувал подобар договор за својот клиент. Фати во првата година треба да добие еден милион евра, во втората сумата треба да порасне за 250.000 евра, а во третата неговата годишна плата ќе изнесува 1,5 милиони евра.

Шпанците пишуваат дека ова е само почеток, односно доколку фудбалерот од Гвинеја Бисао продолжи фудбалски да се развива како досега тогаш челниците на Барселона ќе мора да му понудат богат договор кога тој ќе стане полнолетен.

Ансу Фаи 18 години ќе наполни во 2021 година.

Scroll to Top