Top Sport

Инзаги го носи Кореа во Интер?

Според италијанските медиуми, Интер интензивно бара замена за Ромелу Лукаку (а можеби и за Лаутаро Мартинез), откако по вестите дека се договориле со Един Џеко за двегодишен договор, сега се тврди дека Симоне Инзаги го носи својот миленик, Хоакин Кореа од Лацио.

За Кореа имаше интерес на неколку премиерлигаши, како Астон вила и Лестер, но 26-годишниот Аргентинец ќе се приклучи на својот стар тренер, со кого постигна 11 гола минатата сезона.

Популарниот Туку Кореа има клаузула во својот договор од 70 милиони евра, но се очекува било кој трансфер да биде до сумата од 30 милиони евра.

Scroll to Top