Top Sport

Инзаги: Интер по финалето, со уште поголема доверба во ЛШ

Симоне Инзаги инсистира дека неговите Интер добиле „уште повеќе доверба во своите способности“ по финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, и дека продолжува „сонот за титула“.

„Нераѕурите“, кои загубија со 1:0 од Манчестер сити во големото финале, имаа релативно лесна ждрепка во групната фаза, каде што се во групата Д со Бенфика, Салцбург и Реал Сосиедад.

„Минатата сезона имавме неверојатен пат до финалето во Истнабул и бевме на чекор од сонот. Игравме со големи тимови, се боревме на тешки стадиони, но така добивме уште повеќе доверба во нашите способности. Лигата на шампиони е важна за нас и повторно сакаме да сме конкурентни. Сите мечеви ќе бидат тешки, како и секогаш, бидејќи никој не е слаб во оваа лига. Ќе го дадеме максимумот, ние сме Интер“, вели Инзаги.

Scroll to Top