Top Sport

Инзаги ќе добие нов договор

Фудбалскиот клуб Лацио ќе му понуди на тренерот Симоне Инзаги договор до јуни 2022 година.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека претседателот на клубот Клаудио Лотито бил подготвен да му ја зголеми платата на тренерот Инзаги.

Платата би му била зголемена за еден милион евра, односно годишно би заработувал три милиони евра. Лацио на тренерот му нуди договор до 30 јуни 2022 година со опција да биде продолжен на уште една сезона.

Инзаги барал гаранции дека клубот ќе има амбициозен проект, односно дека најдобрите играчи ќе останат во Лацио.

Екипата на тренерот Инзаги откако беше рестартирана сезоната игра лошо, има 11 бодови помалку од лидерот Јувентус, иако разликата пред да биде прекината сезоната изнесуваше само еден бод.

Scroll to Top