Top Sport

Инзаги: Лацио се скромни, но полни со самодоверба

Симоне Инзаги вели дека неговиот Лацио мора да биде „свесен“ за квалитетите и потенцијалот кој го има тимот, но во исто време да остане скромен против тимот на Бреша, каде што во недела ќе бркаат деветта победа во низа во Серија А.

„Се надеваме дека ќе продолжиме како во 2019 година, кога освоивме два трофеи за пет и пол месеци. Мораме да бидеме свесни за нашите квалитети и способности, но во исто време да бидеме и скромни, бидејќи тука секој меч е опасен. Немаме играно две недели и мораме да дадеме 110 отсто против Бреша. Ги предупредив сите да се подготвени на тоа“, вели Инзаги.

Лацио ја победи Аталанта во финалето на Копа Италија во мај, по што го шокираа Јувентус со 3:1 на 22 декември за да го кренат и италијанскиот Суперкуп.

Scroll to Top