Top Sport

Иранец со ножички му ги украде бодовите на Челси (Видео)

Фудбалерите на Брајтон освоија по еден бод, а Астон Вила победи во Барнли во првите натпревари од 21 коло во Премиер лигата.

Фудбалерите на одлично го отворија гостувањето во Брајтон, постигнаа гол преку капитенот Цезар Аспиликуета по десет минути игра, но предноста не успеаја да ја сочуваат.

По холот Челси доминираа на теренот, не реализира неколку добри шанси за да ја зголемат предноста ги стигна казната. Иранецот Алиреза Јаханбаш со ножички го совлада Аризабалага.

Јаханбаш кој немаше постигнато гол 18 месеци, откако во Брајтон пристигна од АЗ Алкмар, го постигна вториот гол на последните два натпревари.

Астон Вилакај Барнли ги освоија бодовите со кои избегаа од опасната зона. Во првото полувреме Вила ја обезбеди победата со головите на Весли и Грилиш. До крајот на мечот Вуд го постигна почесниот гол за Барнли.

Scroll to Top