Top Sport

Ирскиот „бункер“ издржа во Копенхаген

Данска не успеа да ја пробие ирската одбрана и мораше да се задоволи патникот на Мундијалот да се решава во Даблин во вторник, одигрувајќи 0:0 со упорната Република Ирска.

И покрај тоа што имаа над 70 отсто од поседот на топката на „Паркен“, Данците не го најдоа патот до голот на Дарен Рендолф и можат да зажалат што не носат никаква предност во Ирска, каде што домашните ќе имаат огромна поддршка на „зелените“ навивачи.

Интересно, и покрај борбената атмосфера, ниту еден играч на теренот не доби жолт картон, иако дури 10 играчи на Ирска можеа да се соочат со суспензија од реваншот доколку добиеја предупредување. Република Ирска се нема пласирано на СП од 2002 година, така што атмосферата на „Авива“ во Даблин сигурно ќе биде пеколна.

ДАНСКА – ИРСКА 0:0

Scroll to Top