Евертон имаат шанса да донесат ново засилување од Реал Мадрид, откако Иско бил подготвен да се пресели на „Гудисон парк“ во борба за минутажа пред Европското првенство следната година.
Иско е близок пријател со Хамес Родригез, и „карамелите“ би требало да платат околу 18 милиони фунти во јануари за да го добијат Шпанецот, кој има многу мала минутажа кај Зинедин Зидан за што неодамна јавно се жалеше на своите соиграчи. Во Ливерпул тој повторно би работел со поранешниот тренер на Реал, Карло Анчелоти.
Со 28 години, Иско има уште што да покаже во фудбалот, а примерот на Родригез покажува дека трансферот од шпанскиот во англискиот фудбал е возможен. На Евертон им е потребен поширок избор на играчи во средината на теренот и нападот.
Isco ‘interested in Everton move’ as he eyes reunion with James Rodriguez and Carlo Ancelotti https://t.co/F8spZf7Jfs
— MailOnline Sport (@MailSport) October 31, 2020
Иско им се жали на соиграчите за третманот што го има кај Зидан