Top Sport

Иско чека понуда од Евертон?

Иако преодниот рок го завршија без ниту едно засилување, Евертон се пред неочекувано пристигнување на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско, тврдат италијанските и британските медиуми.

30-годишниот поранешен шпански репрезнтативец е слободен играч откако го раскина договорот со Севилја по помалку од половина сезона, и може да потпише со било кој клуб надвор од преодниот рок. Тој беше пред трансфер во бундеслигашот Унион Берлин, кој на крајот се откажа поради превисоката плата која ја барал.

Иско, кој помина девет сезони во Реал Мадрид, наводно чекал само повик од Евертон за да се обиде со настап во Премиерлигата. Евертон се на 18. место на табелата и неодамна го сменија тренерот, носејќи го Шон Дајч на местото на Френк Лампард.

Scroll to Top