Top Sport

Иско е големата желба на Севилја

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон, ќе го напушти Реал Мадрид како слободен агент, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Севилја. Тренерот на тимот од Андалузија, Хулен Лопетеги, не крие дека би сакал во својот тим да го има Иско.

„Доаѓањето на Иско? Најчесто зборувам само за моите играчи, но можам да кажам дека Иско е неверојатен фудбалер и многу ги ценам неговите квалитети“, изјави Лопетеги.

Во кусиот период додека Лопетеги беше на клупата на Реал Мадрид, Иско беше еден стандарден првотимец и еден од носителите на играта на тимот.

Спортскиот директор Мончи веќе ги преземал првичните активности за трансферот на Иско на „Рамон Санчез Пижуан“.

Scroll to Top