Top Sport

Иско му се налутил на Кристијано Роналдо

Еден од лидерите во шпанската фудбалска репрезентација, Иско, во пресрет на натпреварот против Иран, го прокоментирал настапот на Шпанија на премиерата против Португалија и хет-трикот што на тој меч го постигна неговиот соиграч од Реал, Кристијано Роналдо.

„Повеќе нема да разговарам со него“, низ шега го прокоментирал партијата на Роналдо и продолжил: „Нема некој добар процент на реализација на слободните удари, но првите два гола му ја зголемија самодовербата и се виде дека е блиску до хет-трик“.

foto: epa

Сепак, Иско, не е разочаран од нерешениот резултат против Португалија. Вели дека „видел многу позитивни работи“, бидејќи два дена пред дуелот Шпанците го сменија селекторот Хулен Лопетеги и на неговото место го поставија Фернандо Јеро.

„Покажавме зрелост, успеавме да се избориме со се она што се случи. Свесни сме дека имаме своја цел. Имавме вистински предизвик на стартот, покажавме тимски дух и тој меч ни покажа на кој начин треба да продолжиме“, рекол Иско.

Шпанија, вечерва од 20 часот, во второто коло за противник го има Иран. Претходно во Б-групата, од 14 часот, ќе играат Мароко и Португалија.

Scroll to Top