Top Sport

Иско со порака до Мбапе се збогуваше со Реал

По девет години минати во Реал Мадрид, Иско Аларкон реши да го напушти клубот како слободен агент. Од почетокот на сезоната беше јасно дека Иско нема да остане во Реал, сега на социјалните мрежи се збогуваше со клубот и навивачите.

Иско испрати порака и до Килијан Мбапе, кој во последен момент го одби Реал и реши да го продолжи договорот со ПСЖ.

“Кога бев во Малага, знаев дека морам да одам. Ме поврзуваа со други тимови, но тогаш Реал Мадрид тропна на мојата врата. Никој не треба да му каже “не” на Реал, иако секогаш има исклучоци”, напиша Иско.

Во дресот на Реал, 30-годишниот Шпанец одигра 353 натпревари и постигна 53 гола, освојувајќи ја шпанската титула три пати, Лигата на шампионите пет пати, европскиот Суперкуп три пати, Светското клупско првенство четири пати, шпанскиот Суперкуп три пати и еднаш Купот на Кралот.

Scroll to Top