Top Sport

Иско во Фиренца ги подгреа шпекулациите за трансфер во Фиорентина

Фудбалерот на Реал Марид, Иско ги зголеми шпекулациите за слободен трансфер во Фиорентина, откако интернационалната пауза реши да ја помине во Фиренца.

29-годишниот Иско има договор со „кралевите“ до 30 јуни, и едвај ќе го чека крајот на договорот, откако има само 14 настапи за Реал оваа сезона постигнувајќи два гола.

Тој прво беше во конфликт со поранешниот тренер Зинедин Зидан, кој воопшто не му даваше шанса, но ниту под неговиот наследник, Карло Анчелоти ситуацијата не се поправи.

Scroll to Top