Иако екипата на Жозе Мурињо – Тотенхем, по првото полувреме против Евертон водеше со 1-0, по 45-тата минута штом играчите на двата тима се упатија кон соблекувалните, настана мешаница, и тоа во редовите на домашниот тим.
Снимката покажува дека капитенот на „петлите“, Уго Лорис незадоволен од придонесот на Кореецот, Сон Мин тргна да се пресмета со него.
Французинот се затрча кон соиграчот, па доколку останатите играчи на Тотенхем не се вмешаа, ситуацијата можеше да ескалира.
Погледнете:
Hugo Lloris & Son clashing with each other at half-time ? pic.twitter.com/jjVeKy36AR
— Football Daily (@footballdaily) July 6, 2020