Исланд во последните неколку години влезе во историјата како најмала нација која се пласирала, прво на Европско, а потоа и на Светско првенство во фудбал, но клупскиот фудбал очигледно уште е на аматерско ниво.
Дуелот од Купот на Исланд меѓу Викингур и Фјолнир заврши со 4:1, а посебно спектакуларен беше последнито гол на мечот. Дефанзивецот на Фјолнир се обиде да ја „исчисти“ топката, пред таа да заврши прво во лицето на колегата Ори Торхалсон, а потоа во мрежата. Спектакуларно!