Јувентус испадна од Ајакс во четврт-финалето во Лигата на шампионите, а еден играч на холандскиот тим би можел да го облече дресот на „страта дама“. Италијанските медиуми објавија дека Јувентус се заинтересирани за 22 годишниот Бразилец, Давид Нерес.
Крилниот напаѓач игра одлично оваа сезона, го привлече вниманието на неколку клубови, а доби и повик за настап во бразилската репрезентација.
Прашање е само колку пари ќе побараат од Ајакс за овој фудбалер, ако се знае дека во јануарскиот преоден рок тие одбија 43 милиони евра од кинескиот Гвангжу Евергранде.