Top Sport

Истанбул пак извиси – Суперкупот ќе се игра во Белфаст

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи Суперкуп натпреварот помеѓу победникот во Лигата на шампионите (Челси) и победникот во Лигата на Европа (Вилјареал) да се одигра на 11. август годинава во Белфаст, Северна Ирска.

На тој начин турскиот град Истанбул се чини повторно извиси откако двапати по ред на Турција и е одземано „домаќинството“ во ЛШ, па шпекулациите беа дека УЕФА би можела со доделување на организација на Суперкупот да се оддолжи.

Дури и министерот за спорт во земјата, Мехмет Касапоглу најави дека мечот меѓу Челси и Вилјареал ќе се одигра токму во Истанбул.

Сепак, натпреварот од Суперкупот ќе се игра во Белфаст, на „Виндзор парк“, потврди УЕФА на својата официјална страница.

Scroll to Top